Медицинската сестра од Далас, која заболе од ебола, е излечена од смртоносниот вирус, соопштија денеска американски научници.
Нина Фам, која е заразена од ебола додека лекувала еден маж заболен од таа болест во болница во Далас, е подложена на терапија во Институтот Бетесда во Мериленд од 16 октомври и сега е излечена.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти претходно денеска дека стотина илјади дози експериментална вакцина против ебола треба да бидат подготвени за употреба во погодените западноафрикански земји до половината на 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


