| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија поднесува оставка?!

Поради одлуката на УЕФА за дебела казна на Србија за прекин на натпреварот со Албанија, Томислав Караџиќ крева раце од фудбалската бајка и до крајот на денот ќе поднесе оставка, пишуваат српските медиуми.

Добро известен извор за српски „Телеграф“ вели дека Караџиќ веќе ја донел одлуката и многу мали се шансите да се предомисли.

Тој како и целата организација на Сојузот очекуваа драстична казна за Албанија, а не српската фудбалска репрезентација, на која сега и се намалени шансите за да се најде на Европското првенство во 2016 година.

Иако се шпекулираше дека Караџиќ ќе остане на чело на фудбалскиот сојуз уште минимум година дена, сепак тој видно разочаран од односот на европската куќа на фудбалот спрема српскиот фудбал, а најверојатно и поради домашни притисоци, донел одлука порано да ја напушти неговата функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top