
Педесет службеници од катастарот на Босна и Херцеговина денеска се во посета на македонската Агенција за катастар на недвижности.
-Пред босанските службеници се презентираат повеќе сегменти во кои Агенцијата за катастар на недвижности има големи достигнувања како што се: е-сервисите, дигитализацијата на катастарските планови, АКН веб гис порталот, катастарот на инфраструктурни објекти – соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.
По презентацијата службениците од босанскиот катастар го посетија Центарот за катастар на недвижности – Скопје каде преку практични примери се запознаа со функционирањето на системите во македонскиот катастар.
– Меѓународните институции македонскиот катастар го препорачуваат на катастарите од земјите во развој. Во изминатиов период искуства од Агенцијата за катастастар на недвижности на РМ земаа катастарите на Азербеџан, Хондурас, Никарагва, Црна Гора и други – се вели во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД


