Бастијан Швајнштајгер за време на неговиот престој во Белград се сретнал со родителите и пријателите на неговата девојка Ана Ивановиќ. Тој заклучил дека доволно престојувал во белградските хотели и одлучил да купи стан во Белград.
Како што наведуваат медиумите, тој ангажирал агенција за недвижности чија задача била да најде стан, кој ќе одговара на фудбалерот и неговата девојка. Како што е наведено, за Швајнштајгер било важно станот да не биде во близина на стариот град во Белград и зградата да нема повеќе од пет станови.
Агенцијата за недвижности не ја коментираат оваа вест, бидејќи информациите поврзани со нивните клиенти се строго доверливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



