| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Гајсер, готвач од Ватикан, открива кое е омиленото јадење на папата

Аргентинскиот „dulce de leche” или полскиот „pierogi” се специјалитети кои младиот готвач, член на папската гарда ги претстави во книгата рецепти, што се омиелни меѓу жителите на Ватикан, особено меѓу тројцата последни папи, објави „365“.

„Dulce de leche” е некој вид на џем од млеко, аргентински рецепт стар сто години, а на менито на Ватикан се нашол во 2013 година, кај аргентинскиот папа Франциск.

Дејвид Гајсер (24) еден месец порано стигна меѓу швајцарските гардисти, по професионалната обука во неколку угледни ресторани.

Со книгата „ На здравје, швајцарска гардо“ тој го долвува животот во Ватикан преку храната што ја јадат многу високи црковни луѓе, меѓу кои и тројцата последни папи.

Тука е и полското мени со некои видови равиоли „пиероги“ за Јован Павле Втори, баварско мени за Бенедикт Шеснаесетти, а за папата Франциск „empenadas” и „colita de cuadril” (месо на жар) i “dulce de leche”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top