| четврток, 6 декември 2018 |

„Порше“ ќе го прави моторот за лимузината на Путин

putinPorshe-640x320-1728x800_c

Проектот за новата претседателска лимузина на Владимир Путин ќе биде направен со помош на „Порше“, а германски инженери ќе одговараат за изработка на моторот за возилото.

Проектот, кој го носи името „Конвој“, почна уште пред неколку години, но до моментов биле прикажани само слики за идната лимузина.

0000182498-article3

Според најновите информации изработката на автомобилот се движи според планот, специјалисти од „Порше инженеринг“ веќе работат на изработка на погонскиот агрегат. Тој ќе биде В12 со зафатнина меѓу 6,0 и 6,6 литри, а максималната моќност ќе изнесува 800 КС.

Претходно беше објавено дека барањата на Русите се возилото да има должина од 5800-6300 мм, широчина од 2000-2200 мм, висина од 1600-1650 мм и растојание меѓу оските од 3400-3800 мм. Погонот треба да биде кон задните или на сите четири тркала, а моторот  преден.

Што се однесува до дизајнот, проектот „Конвој“ бара лимузината да не отстапува од „мерцедес-бенз“, „ролс-ројс“, „бентли“ итн. Проектот „Конвој“ предвидува создавање и на два придружни автомобила  ина  минибус.

Возилата треба да бидат прикажани во 2017 година

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top