| четврток, 6 декември 2018 |

Дунга воведува нови правила, нема влечки, капи и телефони

Новиот селектор на Бразил прославениот поранешен репрезентативец Карлос Дунга воведува нови правила во однесувањето на фудбалерите.
Бразилските фудбалери нема да можат да носат капи, да се шетаат со влечки и да разговаат на телефони додека се со репрезентацијата. Тие истотака нема да имаат можност јавно да зборуваат за религиски и политички прашања.

– Кодексот на однесување е повеќе од потребен како би се задржала хармонијата и доброто однесување во тимот – изјави Дунга за бразилските медиуми.

Кодексот на однесување веќе постоеше во бразилската репрезентација, но откако седна на селекторското место, Дунга го ревидираше.
Во ноември Бразил има закажано пријателски натпревари со репрезентациите на Турција и Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top