| четврток, 6 декември 2018 |

Матка според бројот на цркви, е мала Света Гора

Истра­жу­ва­ња­та на пе­ште­ра­та Вре­ло, ко­ја е ис­пол­не­та со во­да, по­ка­жаа де­ка е единс­тве­на та­ква во Ма­ке­до­ни­ја и на Бал­ка­нот, а се оче­ку­ва де­ка ќе би­де и нај­го­ле­ма во Евро­па

Вер­ни­ци­те од си­те кра­е­ви на зем­ја­ва во ма­на­сти­рот по­све­тен на Бо­го­ро­ди­ца на Ма­тка се­ко­ја го­ди­на го чес­тву­ва­ат праз­ни­кот Ус­пе­ние на Де­ви­ца­та. Освен ду­хов­на ака­де­ми­ја и мо­ли­тве­но цр­ков­но пе­е­ње, гра­ѓа­ни­те мо­жат да си ку­пат по­да­ро­ци од цр­ков­ни­от па­на­ѓур и да по­ми­нат уште еден убав ден со се­мејс­тво­то. Ма­тка се на­о­ѓа во не­по­сред­на бли­зи­на на глав­ни­от град, на са­мо пет­на­е­се­ти­на ки­ло­ме­три од цен­та­рот. Тaа е осо­бе­но ин­те­рес­на за пла­ни­на­ри­те и за љу­би­те­ли­те на пе­ште­ри­те. Во спе­ле­о­ло­шки­от парк се на­о­ѓа­ат пе­ште­ри­те Вре­ло, Уба­ва и Кр­штал­на и под­вод­на­та пе­ште­ра Под­вре­ло.

Тие, пак, што са­ка­ат са­мо да се про­ше­та­ат и да се раз­ла­дат, мо­жат да ужи­ва­ат по те­че­ни­е­то на ре­ка­та Тре­ска на чи­и­што бре­го­ви, по из­ле­гу­ва­ње­то од езе­ро­то Ма­тка, има и пре­крас­ни ло­ка­ции за из­ле­ти.

– Мис­лам де­ка Ма­тка и при­ро­да­та око­лу Ма­тка се нај­у­ба­ви­от дел на Ма­ке­до­ни­ја. Не­мам збо­ро­ви, а за Ма­тка, всуш­ност, и не се по­треб­ни… – ве­лат пла­ни­на­ри­те.

Reportaza111-2

До­кол­ку сте љу­би­тел на пе­ша­че­ње­то, до Ма­тка мо­же да стиг­не­те и пре­ку Вод­но.

– Пре­ку Вод­но мо­же да оди­те са­мо ако го зна­е­те па­тот и прет­ход­но да се ја­ви­те во пла­ни­нар­ска­та служ­ба на Вод­но. Ако не го зна­е­те па­тот, во­оп­што не­мој­те да трг­ну­ва­те. Па­те­ка­та Вод­но – Ма­тка не е баш пре­по­рач­ли­ва за пе­ша­че­ње за не­кој што не­ма кон­ди­ци­ја. Јас би ви со­ве­ту­ва­ла да оди­те пре­ку Са­рај и да вни­ма­ва­те да не стиг­не­те во Те­то­во. Ако го­ре од дес­на стра­на има авто­мо­би­ли, зна­чи тре­ба да се вра­ти­те, ама со вре­ме, до­де­ка не сте стиг­на­ле во Те­то­во, ве­лат упа­те­ни­те.

Пре­по­ра­чу­ва­ат и ме­ста за кам­пу­ва­ње.

– Во ка­њо­нот има и не­кол­ку фан­та­стич­ни ме­ста за кам­пу­­ва­ње, на при­мер Ко­за­ре­во. Има на­пра­ве­но пла­то и ме­сто за ша­то­ри и за ог­ни­ште, сѐ што е по­треб­но. Ме­сто­то бе­ше пре­пол­но со ѓу­бре и ед­наш учес­тву­вав во ак­ци­ја за чи­сте­ње, иа­ко тоа бе­ше при­лич­но одам­на, не знам во ка­ква со­стој­ба е де­нес. По па­те­ка­та на­го­ре, кон вр­вот, по­точ­но под са­ми­от врв има оста­то­ци од фре­ски на ед­на кар­па, мис­лам де­ка би­ла ќе­ли­ја по­све­те­на на све­ти Јо­ван Кр­сти­тел, и под са­ма­та ќе­ли­ја има из­вор на во­да – мо­же­би сум бил мно­гу же­ден, ама мис­лам де­ка тоа е нај­у­ба­ва­та и нај­сту­де­на­та во­да што не­ко­гаш сум ја пи­ел, ни ве­ли еден љу­би­тел на Ма­тка.

Reportaza111-5

Спо­ред ле­ген­да­та, крал Мар­ко со брат му Ан­дреа ми­ну­ва­ле от­ту­ка и за­ста­на­ле да се од­мо­рат и осве­жат. Ан­дреа вле­гол во ме­а­­на­та што се на­о­ѓа­ла на ме­сто­то од се­гаш­ни­от ре­сто­ран во ко­ја има­ло го­лем тур­ски аскер. Тур­ци­те го уби­ле Ан­дреа, а Мар­ко, отка­ко го од­маз­дил, ка­ко знак на пре­ду­пре­ду­ва­ње оста­вил от­пе­ча­ток од сво­ја­та длан­ка во ѕи­дот од ма­на­сти­рот.

По­крај тоа што е за­шти­те­на ка­ко спо­ме­ник на при­ро­да­та, Ма­тка има и го­лем број исто­ри­ски спо­ме­ни­ци по­ра­ди кои ја на­ре­ку­ва­ат и ма­ла Све­та Го­ра. Се­га се оста­на­ти де­се­ти­на ма­на­сти­ри, ме­ѓу кои ши­шев­ски­от, по­све­тен на све­ти Ни­ко­ла, из­гра­ден или, пак, об­но­вен во 1345 го­ди­на, ма­на­сти­рот „Св. Јо­ван Зла­то­уст“ во се­ло­то Ко­за­ре­во, ма­на­сти­рот „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ во бли­зи­на на се­ло­то Глу­мо­во, ма­на­сти­рот „Св. Ан­дреј“, цр­кви­те „Св. Тро­и­ца“, „Св. Пе­тка“, „Св. Ата­нас“, „Св. Ни­ко­ла“ во месноста Нир и „Све­та Не­де­ла“.

Reportaza111-4

Ма­тка е при­ро­ден ка­њон, кој ка­ко ге­о­граф­ски рел­јеф е, на­ви­сти­на, осо­бен, а спе­ле­о­ло­шки­от парк е еден од нај­фас­ци­нант­ни­те во све­тот. Од де­се­ти­на­та пе­ште­ри во спе­ле­о­ло­шки­от парк, Вре­ло е единс­тве­на­та што во мо­мен­тов функ­ци­о­ни­ра ка­ко ту­ри­стич­ка атрак­ци­ја. Неј­зи­на­та не­по­сред­на бли­зи­на до езе­ро­то Ма­тка ја пра­ви нај­по­год­на за ту­ри­стич­ка експ­ло­а­та­ци­ја, а две­те езе­ра во вна­треш­но­ста и не­кол­ку­те уба­ви и го­ле­ми пе­штер­ски га­ле­рии ја пра­ват ин­те­рес­на за по­се­ти­те­ли­те. До Вре­ло се при­стиг­ну­ва за два­е­се­ти­на ми­ну­ти со ча­мец, кој мо­же да го из­нај­ми­те пред ре­сто­ра­нот „Ка­њон Ма­тка“. Ко­га при­стиг­нав­ме та­му ту­ри­сти­те че­каа во ред за да из­нај­мат ча­мец или ка­ну за про­ше­тка по езе­ро­то. Во са­ма­та пе­ште­ра има го­лем број пе­штер­ски укра­си, ме­ѓу кои до­ми­ни­ра огром­ни­от ста­лаг­мит во вид на ши­шар­ка, кој се та­ло­жи ве­ќе 2.700 го­ди­ни. Зву­ци­те што по­сто­ја­но се слу­ша­ат во вна­треш­но­ста на пе­ште­ра­та до­а­ѓа­ат од неј­зи­ни­те жи­те­ли – лил­ја­ци­те. Истра­жу­ва­ња­та на пе­ште­ра­та под Вре­ло, ко­ја е ис­пол­не­та со во­да, по­ка­жаа де­ка е единс­тве­на та­ква во Ма­ке­до­ни­ја и на Бал­ка­нот, а се оче­ку­ва де­ка ќе би­де и нај­го­ле­ма­та во Евро­па. Ту­ка мо­же да се ви­ди и вре­ло­то за кое се прет­по­ста­ву­ва де­ка до­а­ѓа од Па­ти­шка Ре­ка, од­да­ле­че­на от­ту­ка ду­ри 15 ки­ло­ме­три. Освен пе­ште­ра­та Вре­ло, ту­ка се и пе­ште­ри­те Уба­ва и Кр­штал­на.

Reportaza111-3

Спе­ле­о­нур­ка­чи­те што ра­бо­теа на откри­ва­ње­то на пе­ште­ра­та сѐ уште се та­му и во мо­мен­тов ра­бо­тат на обу­ка на ти­мот што ќе про­дол­жи со истра­жу­ва­ња­та след­на­та го­ди­на, а со оваа обу­ка ќе се здо­би­јат со ТДИ ли­цен­ца. До­се­га тие ја из­ме­ри­ја ко­ли­чи­на­та на воз­дух, ко­ја из­не­су­ва 19,8 про­цен­ти кис­ло­род во пе­ште­ра­та, што е до­вол­но за ди­ше­ње. Нур­ка­чи­те во Вре­ло ус­пе­а­ја да стиг­нат до 212 ме­три дла­бо­чи­на, со што ста­на најд­ла­бо­ка истра­же­на пе­ште­ра на Бал­ка­нот.

– Вре­ло  е из­во­нред­на пе­ште­ра, ко­ја е ви­стин­ски пре­диз­вик за истра­жу­ва­ње. Но исто­вре­ме­но е комп­лекс­на и за­тоа е по­тре­бен по­долг пер­и­од за да мо­же це­лос­но да се истра­жи – сме­та Лу­и­џи Ка­са­ти, кој во рам­ки­те на екс­пе­ди­ци­ја „Вре­ло 2010“ ја истра­жу­ва­ше пе­ште­ра­та. Спо­ред не­го, во Вре­ло по­стои зна­ча­ен из­вор на во­да за пи­е­ње, кој во слу­чај да се со­о­чи­ме со не­до­стиг од во­да, мо­же да би­де иск­лу­чи­тел­но зна­ча­ен за снаб­ду­ва­ње на гра­дот. Од тие при­чи­ни, тој сме­та де­ка ва­ква при­род­на ре­ткост тре­ба и по­себ­но да се за­шти­ти. За­ед­нич­ко за си­те три пе­ште­ри (Вре­ло, Кр­штал­на и Убава) е тоа што се на­о­ѓа­ат на ре­ла­тив­но кра­т­ко рас­то­ја­ние ед­на од дру­га, а и по дол­жи­на­та на пе­штер­ски­те ка­на­ли не се раз­ли­ку­ва­ат мно­гу.​

Вљу­бе­ни­ци­те во кул­тур­но-исто­ри­ски­те спо­ме­ни­ци мо­жат да до­би­јат ор­га­ни­зи­ра­ни аранж­ма­ни, ме­ѓу кои, по­се­та на Мар­ков град, сред­но­ве­ков­на на­сел­ба-твр­ди­на од 14 век, во ко­ја се на­о­ѓа­ат оста­то­ци од цр­кви­те „Св.Не­де­ла“, „Св.Ѓор­ѓи“ и „Св.Тро­и­ца“. Ту­ка е и ло­ка­ли­те­тот на­ре­чен Мар­ко­ва но­га, со кој се по­вр­за­ни ле­ген­ди­те за Кра­ли Мар­ко, ме­ѓу кои и таа за от­пе­ча­то­кот во ѕи­дот на ма­на­сти­рот „Св.Ан­дреа“.

 

(Пишува: Невена Поповска | Фото: Игор Ангеловски
Текст објавен во 111. број на неделникот „Република“, 17.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top