| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Брисел: Приближување на ставовите со ЕК за уставните измени во Македонија

Има приближување на ставовите меѓу Република Македонија и Европската комисија во однос на предложените измени на Уставот со вметнување на бракот и отворање финансиски зони, изјави за МИА премиерот Никола Груевски, по неговите денешни средби во Брисел со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе и со директорот на Генералниот директорат за проширување, Кристијан Даниелсон.
gruevski-fule-bo-brisel-1
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на состаноците со првите луѓе за проширување на Европската унија, покрај Груевски, присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, како и министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Притоа биле отворени повеќе теми, но според македонскиот премиер, соговорниците се задржале на две клучни теми: предложените уставни измени и подготовката на акциски план од страна на Владата за соочување со забелешките за последниот прогрес – извештај на Еврокомисијата за нашата земја.
 gruevski-fule-bo-brisel-2
– На средбите со Филе и со Даниелсон навлеговме подлабоко во уставните измени што Владата ги предложи и ги отвори за расправа. Објаснивме многу поенти, посебно откако во меѓувреме изанализиравме голем број работи, контактиравме со Венециската комисија. Притоа, имам чувство дека сериозно ги доближуваме позициите со претставниците на Еврокомисијата – истакна премиерот Груевски по средбите.
gruevski-fule-bo-brisel-6
Според претседателот на македонската Влада, во делот за предложените уставни измени, со неговите денешни соговорници посветиле посебно внимание на предложеното отворање финансиски зони во Република Македонија и во делот на воведувањето на бракот во Уставот.
gruevski-fule-bo-brisel-3
 
– Разговаравме и за други теми, но најголем дел од времето посветивме на овие две теми затоа што беа и најмногу проблематизирани од страна на Европската и на Венециската комисија. Не би сакал однапред да прогнозирам, но од разговорите имам впечаток дека се доближуваат нашите ставови и дека работите, се надевам, ќе одат во добар правец. Се разбира, ги отворивме и сите други теми што се значајни и актуелни за Македонија, но најмногу се концентриравме на овие точки – посочува Груевски.
gruevski-fule-bo-brisel-5
 
Македонскиот премиер потврди и дека ги известил Филе и Даниелсон дека Владата на Република Македонија подготвува акциски план за реформи, кој очекува во наредните десетина дена да се усвои. Истиот, според Груевски, произлегува од препораките во извештајот за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите на ЕК.
gruevski-fule-bo-brisel-3
На прашањето на дописникот на МИА од Брисел, дали денешното приближување на ставовите со Брисел во однос на предложените уставни измени, всушност значи дека не постои експлицитно барање од страна на ЕК да не се чепка Уставот во Македонија, посебно со воведување на бракот и на финансиските зони, Груевски со одговор:
– Откако ги добивме нивните забелешки, ние многу анализиравме, размислувавме и разговаравме со Венециската комисија, па сега доаѓаме назад со приспособени предлози за кои мислам дека имаме доближување на ставовите. Плус, дообјаснивме и некои работи за кои верувавм дека недоволно им биле објаснети на нашите соговорници во Европската комисија и дека им требаше дополнително објаснување. Причината е што, во овој дел, досега најмногу комуникацијата се одвиваше по писмен пат, а сега беше поинаку кога седнавме на маса и поразговаравме за детали. Се поставија прашања, се дадоа одговори и оттука ми доаѓа чувството дека имаме одредено доближување.
gruevski-fule-bo-brisel-4
Со завршувањето на денешните средби со првите луѓе за проширување на Европската унија, претседателот на Владата на Република Македонија ја заврши својата дводневна рбаотна посета на европската престолнина, каде што вчера присуствуваше на Самитот на Европските народни партии (ЕПП) заедно со европската политичка елита на чело со германската канцеларка Ангела Меркел и челниците на ЕУ, Ван Ромпуј, Баросо и Јункер. Во текот на вчерашниот ден, тој, исто така, имаше успешна билатерална средба со Жозеф Дол, претседателот на ЕПП, најголема политичка партија во Европа со најбројна пратеничка група во Европскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top