Во организација на Амбасадата на Италија, во чест на претседавањето на оваа земја со Европаката унија и Недалата на италијанскиот јазик, вечерва во Археолошкиот музеј ќе биде отворена изложбата на мозаици од Равена.
Дваесет и пет избрани мозаици, заштитени како вредно културно наследство од УНЕСКО, ќе може да се видат до 8 јануари. Изработени се во педесеттите години на дваесеттиот век, делата се идентични копии на оригиналите, кои денес се нераздвоен дел на монументалните градби на Равена.
Станува збор за копии од мавзолејот Гала плачидија, базиликите „Сан Витале“ и Нов св. Аполинер“, Крстилницата на Неон и Архиепископската капела.
-Првпат во Скопје имамем можност да ги донесеме најценетите 25 дела, конечно пристигнати во родната земја на императорот Јустинијан, кој истовремено бил и инспирирачка фигура за нивното создавање – соопштија од Амбасадата на Италија во Македонија.
Равена е престолнина на мозаикот. Таа е чувар на најбогатотот светско наследство на антички мозаици од 5 и од 6 век. Овој град пред 1.500 години бил престолнина на Западната Римска Империја, престолнина на Теодорико – првиот готски крал и престолнина на византиската империја во Европа.
Изложбата ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимо Белели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дефект со инсталацијата – причина за пожарот во Археолошкиот музеј
-
За „Бела ноќ“ отворено и бесплатно од 18 часот до полноќ во Археолошкиот музеј
-
Предисториските ризници во Чешка ќе се презентираат во Археолошкиот музеј
-
По повод 8 март: Отворена изложбата „Накитот низ вековите од Република Македонија“ во Археолошкиот музеј