| четврток, 6 декември 2018 |

Во каков свет сакаме да живееме во 2030 година – тема на Денот на ОН

Битола денеска беше домаќин на националната манифестација за одбележување на денот на Обединетите нации, 24 октомври, а „Во каков свет сакаме да живееме во 2030 година“ беше главната тема на годинашниот Ден на ОН. 

on

Настанот го отвори Луиза Винтон, постојан координатор на ОН во Република Македонија, а потоа беа пуштени видеопораки од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

-Денес е посебен ден за нас затоа што се работи за роденденот на Обединетите нации. Ова е среќен ден за сите затоа што ОН се организација за сите луѓе и сите земји. Мојата порака е едноставна – кога гледаме на 2030 година, 15 години отсега па натаму, сакам да ги повикам сите луѓе, посебно младите, да го кажат својот збор како сакаат да го видат светот во таа година. Надежите и аспирациите на младите луѓе ќе бидат искажани денеска и ќе бидат запишани – рече Луиза Винтон.

on 2

Пораките од денешниот настан ќе бидат оставени во временска капсула која ќе биде чувана до 24 октомври 2030 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Македонија дел од ЕУ и од НАТО и свет со поголеми еднаквости и можности е пораката на Фатмир Бесими, вицепремиер за европски прашања на Македонија.

on besim

– Драги студенти денешната тема, свет како што сакам во 2030 е со голема одговорност. Ако ме прашате мене, Македонија во 2030 ќе биде членка на ЕУ. Ставањето порака во оваа капсула значи голема одговорност, бидејќи последиците и придонесите ќе ги чувствуваат децата – рече Бесими.

Министерот за труд и за социјална политика, Диме Спасов истакна дека ако го прашаат него како го гледа светот во 2030 година, го гледа како свет на младите, на млади лидери.

-Ве повикувам да учите и да се образувате, вашиот сон е остварлив – нагласи Спасов.

on dime

Според градоначалникот на Битола, Владимир Талески, големо задоволство е што овој настан се случува во Битола. Изборот не е случаен, бидејќи Битола и претходно била временска капсула.

– Убеден сум и верувам дека допрва доаѓа вистинското време. Мојата желба е Македонија да е во ЕУ, подобар стандард, младите да немаат проблеми како сега – изјави Талески.

on tale

Откако сите ги ставија нивните пораки, ставија и хумус за дрвото по што беше запечатено.

on1

on3

on lambe

Пишува:Владо Оцевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top