| четврток, 6 декември 2018 |

Кога тој мисли дека е време за брак?!

wedding-proposal-in-street

На многу луѓе им било потребно многу време да го пронајдат вистинскиот, некои го имаат од детството, а некои уште трагаат по него. Станува збор за вистинската љубов која во голема мера нè прави среќни. Ако сте запознале личност која ви го „одзема“ умот и ви го запира здивот, прочитајте кои знаци откриваат дека токму тој ќе биде вашиот иден сопруг.

 

  • Се фали со вас – ве спомнува вас и вашите успеси пред своите пријатели и роднини
  • Се жртвува за вас – подготвен е да пресели некаде, да прескокне тренинг или да одложи некоја дружба поради вас
  • Се наоѓате на иста бранова должина – имате слични погледи за животот, слични ставови и размислувања за кариерата, семејството и плановите за иднината
  • Не се обидува да ве промени – ве сака со сите ваши доблести и мани и не се обидува да ве претвори во нешто што не сте
  • Може да се замисли себеси во брак со вас – кога зборувате за брак, тоа не му предизвикува непријатност, туку му мами насмевка на лицето
  • Сте успеале да бидете разделени месец дена или повеќе – било тешко и тажно, но сте го преброделе и тоа
  • „Ми недостигаш“ не е само обична фраза – кога сте разделени праќа смс порака со оваа содржина или се јавува само за да ви каже колку е тажно без вас
  • Отворени сте во сексот – комуницирате, отворени сте и точно знаете кој што сака и кој што не сака во сексот
  • Ги планирате следните 6 месеци заедно – заедно правите планови за годишен одмор или викенд некаде надвор од градот
  • Можете да се расплачете пред него без срам – во негово присуство се чувствувате сосем природно и не ви е срам да бидете тажни или расплакани
  • Одлично се согласува со вашите блиски – не му претставува проблем да ги покани вашиот брат или татко на гости или пак се јавува на телефон и разговара кога ќе се јави некој од нив
  • Спонтано ви кажува дека сте убави – токму оној ден кога не сте нашминкани, кога косата не ви е средена или сте ја облекле најразвлечената тренерка

     

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top