Светската економија не е во добра форма. Вестите од Америка и од Британија се разумно позитивни, но економијата на Јапонија се бори, додека порастот во Кина сега е најбавен од 2009 година. Непредвидливи опасности кружат, особено од епидемијата на ебола, во која загинаа илјадници луѓе во Западна Африка, а „ги стресе нервите“ многу пошироко. Но, најголемата економска закана, засега, доаѓа од континентална Европа- пишува угледниот „Економист“ во уредничкиот коментар.
„Сега кога германскиот пораст се сопна, еврозоната е на работ на трета рецесија во последние шест години. Нејзините лидери потроши две години на одмор, загарантиран по заклетвата на Марио Драги, претседател на Европската централна банка, да направи сè што е потребно за да се спаси единствената валута. Французите и Италијанците ги избегнаа структурните реформи, додека Германците инсистираа на премногу штедење. Цените паднаа во осум европски земји. Вкупната стапка на инфлација во зоната се лизна на 0,3 проценти, а може да заврши и во директен пад в година. Регион што сочинува речиси една петтина од светското производство, маршира кон стагнација и дефлација“, анализира весникот.
„Оптимистите, и тие внатре и тие надвор од Европа, често го цитираат примерот на Јапонија. Падна во дефлација во доцните 90-тите години, со непријатни, но не и апокалиптични последици и за себе и за светската економија. Но еврозоната претставува далеку поголем ризик. За разлика од Јапонија, еврозоната не е изолиран случај: од Кина до Америка инфлацијата е на загрижувачки ниско ниво и се уште се лизга. И за разлика од Јапонија, која има хомогено општество, еврозоната не може да се задржи заедно низ годините на економска склероза и пад на цените. Колку што должничките оптоварувања се зголемуваат од Италија до Грција, инвеститорите ќе се плашат, популистичките политичари ќе заземат терен, и-порано отколку подоцна- еврото ќе пропадне“, додава „Економист“ во новиот број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.