| четврток, 6 декември 2018 |

Во Њујорк е забележан првиот случај на ебола

ebola

Лекар, кој неодамна се вратил во Њујорк од Западна Африка, каде работел со пациенти заразени од ебола, имал позитивни резултати на извршените анализи за смртоносниот вирус, соопштија претставници на локалните власти.

Ова е прв случај на ебола во оваа светска метропола.

Докторот Крејг Спенсер, работел во Гвинеја за организацијата „Лекари без граници“. Тој се вратил во САД пред повеќе од една недела, а вчера е соопштено дека бил хоспитализиран во Њујорк со треска и стомачни проблеми.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио го потврди овој случај и се обиде да ги смири жителите, истакнувајќи дека нема причина за паника. Тој додаде дека при лекувањето на Спенсер се преземаат конкретни правила.

Центарот за контрола и превенција на болести, кој ќе направи дополнителни тестирања, со цел да ги потврди првичните резултати, испратил свој тим во Њујорк, а здравствените власти во градот се во потрага по луѓето со кои заразениот имал контакт.

Здравствениот комесар на Њујорк, Мери Басет изјави дека вереницата на лекарот и двајца негови пријатели биле ставени во карантин, но засега не покажуваат симптоми на ебола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top