| четврток, 6 декември 2018 |

Баба им нуди топло добредојде на војниците кои се враќаат од војна (фото)

b1
Елизабет Ларид е посебна жена. На нејзините 82 години таа е позната како „Жената која прегрнува“ и тоа со добра причина.
Нејзината мисија започнува во 2003-та година, кога сфатила дека никој не им нуди топло добредојде на војниците кои се враќаат од војна.
b3

Затоа, 82-годишната Елизабет е постојано присутна на аеродромот на кој војниците треба да слетаат.

Штом слетаат и излезат од авионот, пред да си одат дома, имаат еден краток ритуал – прегратка со бабичката која живее за да прегрне што повеќе војници.
b2
Во чест на ова добро и емотивно дело, на Елизабет и е доделена искрена благодарница која, како што таа вели, вреди цело богатство.

„Тие заслужуваат многу повеќе. Тие не чуваат безбедни, затоа не сакам никој да си замине без прегратка“ вели емотивната бабичка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top