| четврток, 6 декември 2018 |

Богова – Јовановска: Дизаjнот продава, а не филозофиjата

Лу­ксу­зот се вра­ќа на сво­ја­та пр­вич­на иде­ја - уни­кат­но­ста, екск­лу­зив­но про­из­водс­тво и бли­зок од­нос со ку­пу­ва­чот. Ма­ке­дон­ски­те ди­зај­не­ри сѐ уште се др­жат до тра­ди­ци­о­нал­но­то и ус­пеш­но мо­жат да нај­дат кли­ен­ти за сво­и­те про­из­во­ди, сме­та Бо­го­ва - Јо­ва­нов­ска

Од 23 до 27 октом­ври на по­ве­ќе ло­ка­ции во Скоп­је ќе се одр­жи де­се­то­то из­да­ние на Мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је, чиј­што про­ду­цент е Светл­ана Бо­го­ва – Јо­ва­нов­ска. Мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је прет­ста­ву­ва пла­тфор­ма за про­мо­ци­ја, ин­те­гра­ци­ја и за раз­вој на ма­ке­дон­ска­та мод­на кул­ту­ра и е единс­твен од ва­ков вид што се одр­жу­ва во Скоп­је два­па­ти го­диш­но. На ед­но ме­сто ги со­би­ра мла­ди­те и ус­пеш­ни мар­ки и ди­зај­не­ри, обра­зов­ни ин­сти­ту­ции, фо­то­гра­фи, мод­ни аген­ции, но­ви­на­ри и дру­ги мод­ни учес­ни­ци, кои ја пре­зен­ти­ра­ат сво­ја­та ра­бо­та, раз­ме­ну­ва­ат идеи и со тоа ја за­си­лу­ва­ат мод­на­та сце­на.

 

Во тек се под­го­то­вки­те за десе­то­то, ју­би­леј­но из­да­ние на Мо­ден ви­кенд во Скоп­је. Што но­во ќе до­не­се овој пат нај­го­ле­ми­от мо­ден на­стан во Ма­ке­до­ни­ја? Што ќе им по­ну­ди­те на љу­би­те­ли­те на мо­да­та и на уба­во­то?
Бо­го­ва – Јо­ва­нов­ска: Се­зо­на­ва, ка­ко и во ид­ни­на, ќе се во­ди­ме од мо­то­то „без гра­ни­ци“. Оче­ку­ва­ме 20 мод­ни ре­вии и пер­фор­ман­си, фо­то­из­лож­ба, еду­ка­ти­вен дел и ил­јад­ни­ци го­сти – по­чи­ту­ва­чи на мо­да­та и на ди­зај­нот. Ќе имаме екск­лу­зив­на­ ре­ви­ја на срп­ска­та ди­зај­нер­ка Ива­на Пи­ља, ко­ја ќе го за­тво­ри ова из­да­ние. Ни го­сту­ва­ат и Флу­ту­ра Де­ди­ња од Ко­со­во, Ма­ри­на Ми­ца­но­виќ од Ср­би­ја и по дол­го вре­ме, ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка ќе ги ви­ди кре­а­ци­и­те на на­ши­от Јо­ван Пе­тров­ски, кој по­дол­го вре­ме тво­ри во Бан­гкок. Има­ме и ед­но из­не­на­ду­ва­ње – из­лож­ба на отво­ре­но на­ре­че­на „Арт огра­да“. Со овој про­ект са­ка­ме да ја по­пу­ла­ри­зи­ра­ме мо­да­та и да по­ка­же­ме де­ка мо­да­та не е при­ви­ле­ги­ја на ели­та­та.

 

Ко­га во 2009 го­ди­на дој­до­вте во Ма­ке­до­ни­ја од Ру­си­ја, ре­ши­вте сво­е­то зна­е­ње од об­ла­ста на мо­да­та да го пре­не­се­те ту­ка. Да­ли де­нес Мод­на­та не­де­ла во Скоп­је е тоа што го за­мис­ли­вте пред пет го­ди­ни?
Бо­го­ва – Јо­ва­нов­ска: Во из­ми­на­ти­ве пет го­ди­ни, се­ко­ја мод­на не­де­ла за ме­не прет­ста­ву­ва еден вид тест. Шест­ме­сеч­ни под­го­то­вки, со­би­ра­ње ин­фор­ма­ции и пре­ис­пи­ту­ва­ње на тоа што се слу­чи­ло во прет­ход­но­то из­да­ние. Мо­да­та ка­ко дел од кул­тур­ни­те и кре­а­тив­ни ин­ду­стрии го има сво­е­то по­тек­ло во ин­ди­ви­ду­ал­на­та кре­а­тив­ност, ве­шти­на и та­лент и по­тен­ци­јал за ра­бо­та и соз­да­ва­ње бо­гат­ство пре­ку ге­не­ри­ра­ње и експ­ло­а­та­ци­ја на ин­те­ле­кту­ал­на­та сопс­тве­ност. Во свет­ски рам­ки, ста­ти­стич­ки из­во­ри по­ка­жу­ва­ат де­ка кре­а­тив­но­ста е нај­бр­зо­ра­стеч­ка­та гран­ка на еко­но­ми­ја­та. Тоа е уште ед­на при­чи­на зо­што се тру­дам да се раз­ви­ва мо­да­та во Ма­ке­до­ни­ја и да се по­вр­зе со де­лов­ни­от се­ктор. Тоа е мо­ја­та цел. Мод­ни ди­зај­не­ри има­ло и ќе има. По­треб­на им е са­мо ви­стин­ска стра­те­ги­ја ка­ко нај­до­бро да ја по­ка­жат сво­ја­та кре­а­тив­ност. Со Мо­ден ви­кенд во Скоп­је ова пра­ша­ње из­ле­гу­ва на ви­де­ли­на и се пра­ви раз­ли­ка од ди­зај­нер до ди­зај­нер, лу­ѓе­то се за­поз­на­ва­ат со ра­бо­та­та на ди­зај­не­ри­те, др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции поч­ну­ва­ат да го гле­да­ат одб­ли­ску кре­а­тив­ни­от се­ктор, а ку­пу­ва­чи­те тоа што им се до­па­ѓа.

 

Svetlana-Bogova-Jovanovska-int111-2

 

Да­ли Ма­ке­до­ни­ја има мо­ден иден­ти­тет?
Бо­го­ва – Јо­ва­нов­ска: Мис­лам де­ка во мо­мен­тов по­ра­ди гло­ба­ли­за­ци­ја ни­ту ед­на др­жа­ва не­ма мо­ден иден­ти­тет. Си­те, мо­же­би, има­ат са­мо на­ци­о­нал­на фи­ло­зо­фи­ја. Но на кра­јот на де­нот, ди­зај­нот про­да­ва, а не фи­ло­зо­фи­ја­та. Нај­важ­но­то не е иден­ти­те­тот, ту­ку трен­дот. Од 2000 го­ди­на, па на­ва­му, нај­го­ле­ми­те мод­ни трен­до­ви се све­ду­ва­ат на ми­ни­ма­ли­зам инс­пи­ри­ран од умет­ност и од ар­хи­те­кту­ра. Ко­га ќе отво­ри­те ма­ке­дон­ско спи­са­ние, вед­наш гле­да­те де­сет про­цен­ти ин­фор­ма­ции за до­маш­ни ди­зај­не­ри а пре­о­ста­на­ти­те мод­ни со­др­жи­ни се по­све­те­ни на ин­тер­на­ци­о­нал­ни­те трен­до­ви. Се­ко­ја зем­ја си ги по­чи­ту­ва до­маш­ни­те ди­зај­не­ри и тек­стил­ни­от па­зар. Се оби­ду­ва­ме пре­ку Мо­ден ви­кенд во Скоп­је и кај нас да ја сме­ни­ме си­ту­а­ци­ја­та. Да се збо­ру­ва и пре­зен­ти­ра по­ве­ќе во јав­но­ста и, се­ка­ко, тоа да би­де на­пра­ве­но на про­фе­си­о­на­лен на­чин.

 

Да­ли има­те оми­лен ма­ке­дон­ски кре­а­тор? 
Бо­го­ва – Јо­ва­нов­ска: Јас, на­ви­сти­на, са­кам и ку­пу­вам ма­ке­дон­ски ди­зајн, впро­чем 40 про­цен­ти од мо­јот гар­де­ро­бер е со­ста­ве­на од пар­чи­ња на ма­ке­дон­ски ди­зај­не­ри и се­ко­гаш са­кам пар­че по­ве­ќе. Гор­ди сме ко­га ги пре­зен­ти­ра­ме нај­до­бри­те ко­лек­ции над­вор од зем­ја­ва, ко­га слу­ша­ме по­зи­тив­ни кри­ти­ки и ја де­ли­ме сре­ќа­та на ди­зај­не­ри­те од до­бра­та про­мо­ци­ја и про­даж­ба.

 

Што е тоа што ги од­де­лу­ва ма­ке­дон­ски­те кре­а­то­ри од дру­ги­те?
Бо­го­ва – Јо­ва­нов­ска: Па­за­рот! Ова е мно­гу мал па­зар за да мо­же ди­зај­не­ри­те да ра­бо­тат ста­бил­но и да го раз­ви­ва­ат биз­ни­сот. Ма­ке­дон­ци­те сѐ уште мис­лат де­ка ди­зај­нер­ски­те пар­чи­ња се ска­пи, но не е та­ка. Ние кон­ти­ну­и­ра­но збо­ру­ва­ме за тоа во јав­но­ста и ор­га­ни­зи­ра­ме про­даж­ни са­ло­ни за да ги при­ка­же­ме, пред сѐ, ква­ли­те­тот, а по­тоа и це­на­та на пар­чи­ња­та од до­маш­ни­те ди­зај­не­ри. Се­кој мо­же да си нај­де ди­зај­нер­ско пар­че до­стап­но за сопс­тве­ни­от џеб.

 

Да­ли ма­ке­дон­ски­те ди­зај­не­ри мо­жат да би­дат кон­ку­рент­ни на свет­ски­те па­за­ри?
Бо­го­ва – Јо­ва­нов­ска: Ап­со­лут­но! Мо­мент­но нај­го­ле­ми­от лу­ксуз е да се има уни­кат­но ди­зај­нер­ско пар­че. Но­во­то ви­ду­ва­ње на лу­ксу­зот е ко­га им ве­ли­те „не“ на „ме­га-брен­до­ви­те“ и се доб­ли­жу­ва­те до ма­ли ди­зај­нер­ски мар­ки. Има ил­јад­ни­ци ма­ли, ин­те­рес­ни, рач­но изра­бо­те­ни ди­зај­нер­ски твор­би. Лу­ксу­зот се вра­ќа на сво­ја­та пр­вич­на иде­ја – уни­кат­ност, екск­лу­зив­но про­из­водс­тво и бли­зок од­нос со ку­пу­ва­чот. Ма­ке­дон­ски­те ди­зај­не­ри сѐ уште се др­жат до тра­ди­ци­о­нал­но­то и ус­пеш­но мо­жат да нај­дат кли­ен­ти за сво­и­те про­из­во­ди.

 

(Пишува: Александра М. Бундалевска | Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
Текст објавен во 111. број на неделникот „Република“, 17.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top