
Во клубот „Станица 26“ вечерва продолжува Модниот викенд Скопје, кој е во тек. Ревија ќе има македонската дизајнерка Александра Митковска, која ќе ја претстави колекзија пролет-лето 2015 година инспирирана од фотографиите на Милчо Манчевски.
Сите материјали што ќе бидат користени во колекцијата се, всушност, отпечатоци, испечатени од неговите фотографии. Нема да постои класична писта и нема да има класична презентација на ревија. Пистата, всушност, односно просторот каде што ќе се движат манекенките ќе биде преадаптиран во лавиринт.
И оваа колекција повторно ќе биде во духот на чистите и строги геометриски форми и екстравагантниот стил, само спакувани во една друга димензија и изработени на еден поинаков начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


