Актерката Рене Зелвегер пред неколку дена на црвениот килим се појави речиси непрепознатлива поради направената пластична операција. Холивуд бара младешки изглед, но изгледа дека македонските и српските ѕвезди сметаат дека и Балканот го бара тоа.
Вистина.мк направи една листа од познати дами од Македонија.
Aнета Наковска
Сакајќи да биде чекор поблиску до изгледот на холивудските ѕвезди нашата фолк пејачка Анета Наковска ги подигна очните капаци и стави силикони во една белградска клиника
Бојана Атанасовска
Во месец ноември 2013 година пејачката Бојана Атанасовска се пофали со нови усни. Таа отворено говореше за естетската корекција што ја направила и изјави: „Отсекогаш ме нервираше тој милиметар што недостасуваше за моите усни да изгледаат сензуално“.
Елена Велевска
Уште една наша фолкерка без проблем проговори за пластичната операција на градите. Во една пригода Елена Велевска дури изјави: „Доењето ми ги масира силиконите“.
Елена Петреска Толевска
Популарната поп пејачка Елена Петреска Толевска има нов нос, кој го направи во Воената болница во Скопје. Во тој период таа изјави: „Јас не дека не бев задоволна од мојот нос, но не ми се допаѓаше предниот дел, беше подебел, а и тешко дишев. Сум имала некоја девијација, заради која бев приморана да дишам само со уста. Но, сега и тоа го средивме. Не би сакала да кажам колку ме чинеше, во секој случај поевтино од странство.“
Џесика Палашкоска
Македонската фолк пејачка, Џесика Палашкоска отворено се пофали со новите силиконски гради. Таа хируршкиот зафат го изврши во Швајцарија.
Сузана Гавазова
Фолк- пејачката Сузана Гавазова направи силиконски усни. Естетската интервенција ја направил специјалист од Софија, Бугарија за 1.500 евра. Овој пластичен хирург има направено многу естетски корекции на бугарските пејачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.