| четврток, 6 декември 2018 |

Софијанова: Здрави навики уште од најмали нозе

culi

Што е пресудно за добро здравје?

Велат здравјето влегува од устата, односно влегува од она што ние ќе го внесеме гастро –ентестиналниот тракт, а тоа се анвиките кои се стекнуваат уште со самото раѓање. Здравјето на некој начин претставува баланс помеѓу внесената храна и она што ние понатаму ќе го најдеме како начин истата добро да ја искористиме. А тоа е спортскот делување или активирање на сите можни мускули на целиот организам со кои сето она што ќе го внесеме правилно ќе го искористиме, а тоа се стекнува уште во најраното детство, со што ќе ги спречиме сите оние кардиоваскуларни боелсти кои се јавуваат во возрасниот период, а пред се ќе го намалиме процентот на појава на дијабет.

Како прв човек на Клиниката за детски болести, кој е вашиот совет и препорака до идните мајки, но и до оние кои имаат мали бебиња?

Пред се, како педијатри застанавме зад проектот за здрава исхрана и сметаме дека тој е можеби еден од најклучните проекти во делот на здравствениот систем и воведувањето на овие реформи, со кои апелираме кон тоа дека здравите навики се стекнуваат уште со самото раѓање. Кога ќе се роди бебето ние рпепроачуваме ексклузивно доење до шестиот месец и се разбриа контакт со педијатрите и со здравствените работници кои ќе ви дадат добар совет како треба да се однесувате кон вашето дете. Да не се внесува конзервирана храна, да не се внесува она што знаеме дека е штетно за организмот и ќе направи предиспозиција за штетни болести, односно кон одредени болести кои ќе го нарушат здравјето. Тоа значи добри совети, детето да јаде почесто, и ние тоа ќе го практикуваме кон оние установи кои се грижат за здравјето на децата, тоа се градинките, предучилишните установи, школите. Максимално колку може заеднички да направиме децата да научат што треба да внесуваат, секогаш храната да биде со калориски правилен внес на број на калории на килограм телесна тежина, а доколку некои дечиња одат вон потребната килажа да направиме правиле режим како истата да ја намалат, за да го спречат она што значи здравје кгоа ќе станат возрасни.

На клиниката се хоспитализирани пациенти кои се под сомение дека имаат западнонилска треска, во каква здравствена состојба се и колкава возраст на пациенти станува збор?

Веќе не е соменение, веќе е потврдено за два пациенти со сите клинички параметри дека станува збор за западно нилска треска. Тоа се две дечиња, на возраст од 4 и 18 месеци. Едното детенце беше во покомплицирана состојба дојдено, тоа направи да ги преземе сите мерки за евентулна ваква вирусна инфекција, која ја докажавме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top