Канадската полиција соопшти дека напаѓачот од средата во главниот град Отава, Мајкл Зехаф-Бибо, дејствувал сам и, очигледно, немал врски со извршителот на нападот во провинцијата Квебек, Мартен Руло.
Зехаф-Бибо, кој уби војник кај воениот меморијален споменик, а потоа го нападна Парламентот, каде што беше застрелан, бил канадски државјанин, но можно е да имал и либиско државјанство, изјави полицијата.
Руло, кој со својот автомобил удри во двајца војници, од кои едниот почина, исто така, беше застрелан.
Според полицијата, Зехаф-Бибо имал намера да замине за Сирија и за таа цел сакал да му биде издаден пасош.
Пред неколку години тој преминал во ислам и се залагал за радикални идеи, а канадските власти му го одзеле пасошот за да не може да патува во странство и да и се приклучи на некоја терористичка организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.