Мапата која ја објави интернет порталот „Експатистан“ на која се претставени 225 градови, покажува дека најевтино е да се живее во Скопје и Сараево, а најскапо во Љубљана.
Љубљана се наоѓа на 129 место во светот, а потоа и Загреб на 171 место, како поскапи градови во нашиот регион.
Скопје е на 212 место од 225 градови, односно меѓу најевтините во Европа, а Сараево е на 197 место.
Од останатите градови во поширокиот регион, Атина е на 131 место, Истанбул на 147, Братислава на 173, Будимпешта на 188, Букурешт на 193 и Софија на 206 место.
Според Expatistan, во светот најскап град за живеење е Цирих во Швајцарија, а по него се Осло, Лондон, Женева, Сингапур, Њујорк, Хонгконг, Сан Франциско, Перт и Лозана.
Овој сајт ги прикажува цените на животните трошоците каде може да си споредите колку би ве чинел живот во одредени градови во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


