Српскиот водител Милан Калиниќ одлучи да се погрижи за својот изглед, па ги бојадиса веѓите. Калиниќ потемнетите веѓи ги покажа во емисијата „Ѕвездите на Пинк“.
– Милан по природа е светол човек и нормално е што веѓите му се светли. Но сите штом ќе го видеа се шегуваа дека нема веѓи, бидејќи навистина речиси и не се забележуваа. После долго размислување тој одлучи да ги бојадиса во потемна боја. Пред неколку дена посети еден салон, а сопругата Сандра максимално го поддржа во одлуката, изјави извор близок на Калиниќ.
– Бидејќи ја направи оваа промена сите започнаа да коментираат дека изгледа помладо, што нему навистина му годи. Сфати дека светлите веѓи го правеа постар, па горд е на својот освежен изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


