Од страна на судија на претходна постапка А.В. е вратен во затвор во Куманово, а додека на С.И. и е одреден домашен притвор во траење од 30 дена.
Имено, на 03. овој месец, околу 1,10 часот, првопријавениот заедно со уште две непознати машки лица, дошле пред маркетот “Принц“ лоциран во Скопје на ул.“Ферит Мурати“, каде едното машко лице влегло внатре во маркетот додека второто машко лице и првопријавениот останале пред маркетот за да чуваат стража и да му помогнат на лицето што се упатило во маркетот по извршувањето на кривичното дело за насилно да ја отвори подвижната врата од маркетот.
Откако првото непознато лице влегло во маркетот се скрило зад еден пулт од каде што ги набљудувало вработените во маркетот како ги припремаат кесите со пари од дневниот промет кај главната каса за да ги однесат во просторијата каде се наоѓа главниот сеф. Второпријавената, пак, којашто била вработена во маркетот и во љубовна врска со првопријавениот А.В, претходно им дала совети и упатства на тројцата како и кога да го извршат кривичното дело. Односно пред да тргне од главната каса кон собата со сефот носејќи ги парите од дневниот промет, му пуштила порака по мобилен на првопријавениот дека тргнува и дека може да се изврши кривичното дело.
А.В. во тој момент му дал знак на машкото лице кое било внатре во маркетот и кое било маскирано со црна капа на главата и шал преку лицето, а овој пак заканувајќи им се со нож на вработените со зборовите “пуштете ги парите“ ги зел двете кеси со пари од дневниот промет во износ од 5.287.643 денари и се упатил кон споредната врата од маркетот каде што го чекале првопријавениот и второто НН машко лице. Откако успеале насилно да ја отворат вратата, која во моментот била надвор од функција сите тројца заедно избегале кон паркиралиштето покрај објектот.
Но, бидејќи биле забележани од останатите вработени во маркетот кои почнале да ги бркаат, а А.В. и двете непознати машки лица на паркиралиштето од маркетот „Принц“, при бегање, ги фрлиле ќесите со пари и со трчање се оддалечиле во непознат правец.
Од страна на еден од вработените во маркетот двете кеси со пари се пронајдени за што е изготвен записник за пронајдени предмети и со потврда за вратени предмети двете кеси со пари во вредност од 5.287.643 денари се вратени на сопственикот на маркетот.
Од страна на ПС од ОИД превземени се низа мерки и активности и при преглед и претрес на пошироката околина пронајден е еден нож на преклоп и мобилен телефон за што е сочинет записник за пронајдени предмети и по наредба на дежурен јавен обвинител се предадени во ОКТ при МВР на РМ за понатамошна анализа и вештачење.
На 08 овој месец, во службените простории на ПС ОН Гази Баба повикан е пријавениот А.В., со истиот е обавен разговор, при што во потполност го појаснил начинот и времето на извршувањето на кривичното дело.
Инаку, првопријавениот се наоѓа на издржување казна затвор во траење од 3 години во КПУ Затвор „Куманово“ и истиот имал уште 15 месеци за доиздржување на казната затвор за сторено кривично дело “разбојништво”. За време на користењето на дозволеното отсуство во траење од 12 дена истиот го извршил посоченото кривично дело.
А.В. е регистриран сторител на кривични дела и на истиот во периодот 2013/2014 година му се поднесени две кривични пријави за “разбојништво” и за “прикривање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.