
Премиерот Никола Груевски до граѓаните на Република Македонија и до членовите на македонската дијаспора ширум светот денеска упати честитка по повод големиот државен празник, 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.
– Овој исклучителен датум е симбол на почетокот на организираното македонско револуционерно движење и воскреснатата идеја за слобода и остварување на основните човекови права во Македонија. Овој државен празник преставува сеопфатен паметник за македонското револуционерно дело во кое подеднакво учествувале, го поддржувале и помагале луѓе од различни припадности, сите кои биле обесправени, кои посакувале достоинство и слобода. Организираното револуционерно движење бил нивниот одговор на состојбите кои им биле наметнати и времињата во кои живееле и како такво во секоја смисла е поврзанo со нашата земја – Македонија – вели во честитката Груевски.
Целта, која тие ја постигнале и темелот, кој го поставиле, како што нагласува, биле сосема доволни за генерациите по нив да го превземат аманетот и да продолжат да се борат за слобода, за подобар живот, за подобра иднина на Македонија.
– Таквиот аманет го носиме и ние денес, нашата борба е економски развој, воспоставување на систем на вредности и принципи кои се во функција на развојот. Она што ќе го изградиме денес, тоа ќе го оставиме во наследство да го надоградуваат и развиваат нашите деца, нашите внуци и сите идни потомци. За постигнување на оваа цел е потребно единство и сплотеност околу важните и суштински прашања за напредокот на државата, потребно е меѓусебно почитување и разбирање, градење на доверба која ќе се темели на добрите дела кои меѓусебно ќе не зближуваат. Ваквите подвизи се можни и потребни, а за тоа говорат и многубројните дела и искуства на македонско револуционерно движење каде се покажало дека со единство и сплотеност заеднички можеме да постигнеме многу повеќе за сите нас – истакнува во честитката премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


