Министерството за финансии ја исплати субвенцијата за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко во износ од 215,8 милиони денари на 7.808 сточари. При тоа на 4 овој месец се исплатени 31,5 милиони денари, а денеска се исплатени останатите 184,3 милиони денари.
Како што соопшти Министерството за финансии, висината на поддршката изнесува 3,5 денари по произведен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15 проценти за подрачја со отежнати услови за производство.
Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, како што наведуваат, продолжуваат со поддршката на земјоделството и одржување на ликвидноста во стопанството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


