Расте бројот на повреди на работното место, од 625 во 2010 година на 1.338 лани. Најмногу се повредуваат работниците во преработувачката индустрија, најмногу гинат градежниците. Според најновата Студија за безбедност при работа лани од вкупно 16 несреќи кои завршиле со смртен случај, дури 9 биле во градежништвото.
– Работодавецот е должен при формулирањето на изјавата за безбедност и здравје при работа задолжително да побара мислење од сидникатот, задолжително синдикатот или претставник на вработените каде што нема синдикат да учествува во креирањето на полтиката за безбедност при работа, вели Живко Митревски, претседател на ССМ.
Во 2010 година имало 625 повредени работници, во 2011 – 786 , во 2012 се повредиле 1.446 работници, а во 2013 година 1.338 лица.
Истражувањето на Европската фондација за подобрување на условите за живеење и работа покажува дека од анализираните 34 земји, од кои 27 се членки на ЕУ, работниците во Македонија, заедно со Хрватска, Турција, Албанија, Косово и Црна Гора имаат највисока изложеност на физички ризици речиси во сите дејности.
Од синдикатот велат дека веќе се прават законски измени кои ќе ја подобрат состојбата на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


