500 дадилки го положиле тестот за проверка на стручното знаење и се здобиле со лиценца за работа. Сега со овој документ од министерството за труд и социјална политика им се гарантира нивната психофизичка состојба и тие може да чуваат деца во домашни услови. Од министерството сметаат дека со воведувањето лиценци се заштитуваат родителите од какви било злоупотреби.
Агенциите за дадилки задолжително мора да ангажираат лиценцирани негователки. Законот за заштита на деца предвидува казни од 500 до 1000 евра ако бебиситерките немаат лиценца, но и ако агенциите не водат евиденција за корисниците и за дадените услуги.
Министерството за труд и социјала издало и 2800 лиценци за директорите и вработените во градинките. И за нив важат истите критериуми како и за дадилките. Лиценците за физичките лица важат 5 години, а за да им се обнови задолжително мора да поминат 10 часа обука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


