Во Белград утре ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи и финансии на државите од Западен Балкан на тема Економско управување и поврзаност. На состанокот ќе присуствуваат потпретседателот на ЕК и комесар за економски и монетарни прашања Јирки Катаинен, комесарот за проширување и соседство на ЕУ, Штефан Филе, специјалниот пратеник на италијанското претседателство со ЕУ, Андреа Орицио и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ. Се очекува усвојување заедничка изјава на крајот од состанокот. Таа средба е договорена во Берлин на 28 август на конференција за Западен Балкан, одржана на иницијатива на германскиот канцелар Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот


