| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Погрешно е снабдувањето со оружје од воздух за сириските Курди

redzep-tajip-erdogan-1371162373-325183

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека било погрешно САД од воздух да ги снабдуваат со оружје сириските Курди, кои го штитат пограничниот град Кобане, бидејќи дел од арсеналот бил одземен од борците на групата Исламска држава (ИД), кои го опколиле градот.

– Тоа што беше направено се покажа погрешно, бидејќи декои од оружјата, кои беа пуштени од авионите С-130, беа одземени од ИД, истакна Ердоган на прес-конференција во Анкара

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top