| четврток, 6 декември 2018 |

Познати личности што побегнале од олтарот

Во последен момент одлучиле да не запловат во брачните води

Кифер Сатерленд и Џулија Робертс

Познатата актерка со широка насмевка во 1991 година беше блиску до брак со Кифер Сатерленд, но го оставила три дена пред свадбата затоа што дознала дека се гледа со стриптизерката Аманда Рајс. На денот на нивната венчавка, актерката отпатувала во Ирска со неговиот најдобар пријател Џејсон Патрик. На тој начин сакала само да му се одмазди.

Хју Хефнер и Кристал Харис

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, и зајачицата Кристал Харис требало да се венчаат во јуни 2011 година, но девојката ја откажала славната венчавка саме пет дена пред закажаниот датум. Кристал Харис изјавила дека не може да го издржи стилот на живеење на Хју  Хефнер, но, сепак, се омажила за него во 2012 година. Овој брак за него е трет по ред.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја планирале венчавката кон крајот на 2003 година. Сепак, нивните планови не вродиле со плод. Откако тие се појавија заедно во филмот „Гигли“,  канадска стриптизерка тврдела дека актерот бил со неа. Познатата пејачка ја откажала венчавката, а во една пригода изјавила дека никој не ѝ го скршил срцето како тогаш Бен. Актерот сега е во брак со Џенифер Гарнер. Џенифер Лопез во 2012 година се раздели од Марк Ентони, а во моментов е во врска со танчарот Каспер Смарт.

Бред Пит и Гвинет Палтроу

Пред Анџелина Џоли и Џенифер Анистон, Бред Пит беше во врска со Гвинет Палтроу, која ја запознал во 1995 година. Летото 1997 година требало да се венчаат, но во јуни истата година свадбата е откажана, а Гвинет во тој период изјави дека е премногу млада за да стапи во брак. Актерката сега е во брак со Крис Мартин, а Бред Пит со Анџелина Џоли.

Кејти Холмс и Крис Клеин

Пред да се омажи за Том Круз, Кејти Холмс беше свршена за Крис Клеин. Свршувачката ја направиле на Божик 2003 година, но ја прекинале по две години. Кејти Холмс потоа се омажи за Том Круз, а тој брак се заврши во 2012 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top