Претходната ноќ беше една од најефикасните во историјата на Лигата на шампиони, гледавме натпревари на кои паднаа по 6, 7 и 8 гола, но сепак најубеливата победа ја има Ливерпул.
Шахтјор славеше со 7-0 во Борисов, Баерн ја декласираше Рома со 7-1, а Челси со 6-0 го победи Марибор. Сепак, Ливерпул го држи рекордот со победата над Бешикташ од 8-0 во 2007 година.
2007 година Ливерпул – Бешикташ 8-0
2003 година Јувентус – Олимпијакос 7-0
2010 година Жилина – Марсеј 0-7
2007 година Арсенал – Славија Прага 7-0
2011 година Валенсија – Генк 7-0
2012 година Баерн – Базел 7-0
2014 година Бате – Шахтјор 0-7
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.