| четврток, 6 декември 2018 |

Умре најстарата поларна мечка

umrq-naij-starata-polqrna-mechka-v-sveta-263516Умре најстарата поларна мечка во светот – 42-годишната Деби. Таа починала во зоолошката градина во Винипег, Манитоба каде Деби живеела од 1967 година, откако била најдена напуштена во рускиот дел на Арктикот. Мечката била со влошената здравствена состојба поради старост и ветеринарите одлучиле да ја подложат на евтаназија, откако откриле дека страда од проблеми со многу органи. Таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстарата поларна мечка, кога  наполнила 41 години. Во суштина овој вид доживува до над 30 години, но повеќето не стигнуваат  ни до 20, поради тешките услови за живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top