| четврток, 6 декември 2018 |

Кое животно доба е најсреќно?

Истражувањето спроведено меѓу 2.000 Британци покажало дека најнесреќни се триесетгодишниците кои се справуваат со товарот - балансирање меѓу кариерата, семејството и борбата со грижата околу финансиите

sreća

Иако многумина сметаат дека на младите им е лесно и дека се среќни, бидејќи пред нив е животот, истражувањето покажало дека најсреќни години се педесетите, а најнесреќни триесетите.

Истражувањето спроведено меѓу 2.000 Британци покажало дека најнесреќни се триесетгодишниците кои се справуваат со товарот – балансирање меѓу кариерата, семејството и борбата со грижата околу финансиите.

– До 50. година се менуваат приоритетите и луѓето ги сфаќаат вистинските животни вредности – изјави еден од истражувачите.

Најсреќни се педесетгодишниците кои во поголем број случаи се пред пензијата, зад себе имаат возрасни деца за кои не мораат да се грижат и се посветени себеси, на своето здравје и општо, на квалитетно минување на времето.

Истражувањето покажало дека парите се најголем извор на стрес и причина за намалување на задоволството меѓу помладата популација. Постарите, иако имаат исти финансиски приходи имаат поинакви приоритети и нивната скала да среќа и задоволство изгледа сосема поинаку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top