| четврток, 6 декември 2018 |

Сикстинската капела изнајмена за забава на Порше

Сикстинска капела

Сикстинска капела

Католичката црква се согласила да му ја изнајми Сикстинската капела за корпоративна забава на “Порше”. Настанот е објавен на сајтот на фирмата производител на луксузни автомобили. Тоа е дел од турнејата низ Италија, која ја организира компанијата.

s_porsche-logo1352572708– Учесниците ќе можат да уживаат во одличен концерт во Сикстинската капела, проследен со гала вечер, пишува во пораката.

Има само 40 места за ексклузивниот гости. Цената за учество е 5.000 евра. Собраните 200 илјади евра, ќе бидат донирани во добротворни цели.

Прв пат под грандиозните фрески на Микеланџело и Ботичели ќе можат да вечераат туристи. Досега во капелата се организирале само настани на Ватикан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top