| четврток, 6 декември 2018 |

Ви ги откриваме машките танцови чекори кои ги привлекуваат жените (видео)

tancer

Мажите уживаат со танцување да ги заведуваат жените, а сега има и доказ кој им иде во прилог. Потврдено е дека мрдањето со задникот и мрдањето со рацете е неодоливо за понежниот пол.

Британски и германски научници снимиле 19 мажи со 3Д камери додека танцувале и замолиле 37 жени да оценат кој танцување им изгледа добро, а кое лошо.

„Ова е прво истражување кое објективно ја докажува разликата помеѓу добрите и лошите танцувачи, а мажите ширум светот сигурно ќе ги интересира кои се тие движења кои ги привлекуваат жените“, изјавил псигологот од универзитетот Нортамбрија во Велика Британија.

Резултатот е осум вижења кои ја прават разликата помеѓу добриот и лошиот танчер. Движењата на вратот, трупот, левото рамо, колковите и коленото, движењата со двете раменици, ширењето на рацете и движењето на централниот дел на телото и вратот се тие движења кои повеќето жени најмногу и забележуваат.

Експертите се согласни дека таквите движења во ритамот на музиката е тоа што испраќа сигнали за машкиот репродуктивен квалитет, ја докажуваат нивната сила и  испраќаат позитивни сигнали во врска со здравјето

„Доколку мажот знае што најмногу гледаат жените, ќе може да поработи на движењата и со тоа да ја зголеми шансата кај припадниците на понежниот пол“, тврди еден од експертите и нагласува дека ова истражување докажало дека повеќето жени ги привлекува истиот покрет.

А како изгледа најзаводливиот танц на светот погледнете во видеото и добро забавувајте се:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top