| четврток, 6 декември 2018 |

Кенија: Претседателскиот кандидат Кенијата обвинет за насилства

kenia 2Кандидатот за иден претседател на Кенија, Ухуру Кенијата, е обвинет од Меѓународниот кривичен суд за поттикнување насилство во оваа африканска земја, на претходните претседателски избори. Кенијата, кој води на сегашните избори пред својот главен противник, актуелниот премиер Раила Одинга, треба идниот месец да се појави на судење. Тој тврди дека е невин и дека нема ништо лошо сторено.

– Станува збор за наместен и политички мотивиран процес, но јас ќе се појавам во април на судењето за да го исчистам своето име – изјави Кенијата за „Би-Би-Си“.

На изборите што се одржаа во неделата, резултатите сè уште не се познати, освен што по половината од преброените гласачки ливчиња води Кенијата. Тој засега има освоено 53 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат Одинга 42 проценти, но неговиот штаб тврди дека гласањето било нерегуларно. Одинга и неговите приврзаници обвинуваат дека прво се расипал комјутерскиот систем што требало да помогне во броењето на гласовите, а потоа дека има многу „оштетени и неважечки ливчиња“. Изборниот штаб на Одинга тврди дека изборните резултати во Кенија се „преправани“.

keniaПред гласањето, Кенија се соочи со улично насилство на приврзениците на двајцата кандидати во кои имаше и мртви. Во немирите што избувнаа на претходните избори, околу илјада луѓе беа убиени, откако Одинга и тогаш тврдеше дека приврзаниците на претседателот Мваи Кибаки, кој по два мандати заминува од функцијата, ги преправале резултатите. Кенијата, кој сега е во водство, тогаш го поддржуваше Кабаки и сега важи за фаворизиран од претседателот на заминување. Кабаки е обвинуван дека тој бил еден од главните поттикнувачи на немирите на претходните претседателски избори. Изборниот штаб на Кенијата ја обвини Велика Британија дека се меша во кениските избори, но Британија ги отфрли таквите обвинувања. САД и ЕУ, сепак, ги предупредија Кенијците да бидат внимателни при одлучувањето кому да му го дадат гласот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top