| четврток, 6 декември 2018 |

Кенијците доминираа на Бостонскиот маратон

bostonski maraton

Кениецот Џофри Кируи во машка и неговата сонародничка Една Киплагат во женска конкуренција се победници на традиционалниот Бостонски маратон. Кируи со време од 2:08.37 часа прв влезе низ целта, пред Американецот Гален Руп, кој заостана 22 секунди зад победникот, и Јапонецот Сугуру Осако, кој заврши на третото место.

Една Киплагат ја победи конкуренцијата кај девојките, откако со 59 секунди предност беше побрза од Роса Челимо од Бахреин. На третото место заврши Американката Џордан Хасеј.

На 121. бостонски маратон учествуваат рекорден број учесници и во машка и во женска конкуренција, а за разлика од претходните години, временските услови им беа наклонети на спортистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top