| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден вирус сличен на ебола напаѓа во Африка

szo

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека во Африка повторно се појави марбург вирусот, кој припаѓа на истото семејство вируси, како и еболата. Овој вирус може да предизвика голема епидемија, како и еболата.

Првиот потврден случај на заболен од марбург вирусот бил во септември во Кампала во Уганда. СЗО наведе дека појавата на тој вирус е „невообичаена и неочекувана“.

Последната епидемија од марбург вирусот позната како марбуршка вирусно-хеморагична треска во Уганда беше од јули до август 2012 година, при што 20 лица беа инфицирани, од кои деветмина починаа. Оттогаш не е регистриран ниту еден случај.

Вирусот се пренесува со директен контакт со крв, телесни течности и ткиво од инфицирано лице, а симптомите се висока телесна температура и окмалаксаност .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top