-Преокупиран со сопствените проблеми, НАТО заборави дека пред сѐ е организација за безбедност и дека треба да мисли на безбедноста на Европа вклучувајќи го и Западниот Балкан. Тоа што на последниот самит на Алијансата не беше примена Македонија во полноправно членство може лошо да се одрази на регионот – вели за Македонската телевизија, експертот за безбедност на американската влијателна фондација Херитиџ, Стив Бучи .
– НАТО не помогна со овој самит. Се надевав дека барем ќе ги покани Македонија и Црна Гора да се приклучат во Алијансата, но тоа не се случи. Тоа беше грешка од страна на НАТО, што се надевам брзо ќе се исправи – изјави Стив Бучи-експерт за безбедност на фондацијата Херитиџ во Вашингтон.
Причина повеќе за проширувањето на НАТО со нови земји членки на Западниот Балкан е и проблемот што регионот се соочува со странски борци коишто се борат на страната на џихадистите во Сирија. Според Меѓународниот центар за контратероризам во Хаг, 654 борци од Балканот, најмногу од БиХ 330, Косово 150, Албанија 90, Србија 70, Македонија 12 и Црна Гора двајца, се веќе во Сирија. 51 балкански борец коишто се бореле на страната на џихадистите во тнр босанска и албанска група загинале.
– Ова е ситуација со која сите ние на Западот се соочуваме. Заедниците на Балканот, особено исламските заедници никогаш не покажувале радикализам каков што гледаме на Блискиот Исток, но сега со странските борци коишто одат да се борат во Сирија и потоа ќе се вратат на Балканот, треба сите да не загрижи – нагласува Бучи.
Европските сојузници бараат од САД да не ги намалува бројот на американски војници во Европа. Заменикот Командантот на американските сили во Европа, Генерал- мајор Волтер Пиат вели дека сојузниците коишто се бореле со американските сили во Авганистан се добро подготвени да се справат со безбедносните предизвици.
-Колку повеќе вежбаме и го изградуваме мултинационалното учество во мисиите, толку повеќе учиме за тоа што треба да правиме – смета Генерал-мајор Волтер Пиат, Заменик Командант на американските сили во Европа.
Безбедноста на Европа е на многу ниско ниво, бидејќи покрај кризата со Украина, во моментов во Сирија на страна на џихадиските се борат околу 2.500 странски борци од Франција, Британија, Германија, Белгија, Турција, Холандија, Данска, Норвешка, Шведска, Австрија, Ирска и Русија. Проширувањето на Алијансата во Европа може да ја зголеми безбедноста, оценуваат експертите на Херитиџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток