| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот Горан Јевтиќ обвинет за злоставување малолетник

Познатиот српски глумец, Горан Јевтиќ, е обвинет дека наводно сексуално злоставувал малолетно лице и дека против него е поднесена кривична пријава, пишуваат српските медиуми.

Goran Jevtic tanjug 2_620x0

Причина е инцидентот кој наводно се случил пред неколку месеци на театарски фестивал во Сомбор. Српски „Блиц“ пишува дека Јевтиќ се зближил со малолетно момче кое е омилен глумец и во текот на целиот фестивал заедно излегувале на кафе и по кафани.

„Блиц“ пишува дека помеѓу нив се случил сексуален чин во тоалетот на театарот, но дека случајот не го пријавило момчето, туку неговиот татко.

Јевтиќ на новинарите им рекол дека е зафатен за коментари и да не се бават со будалаштини и глупости, а од сомборското обвинителство велат дека предметот ќе биде разгледан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top