| четврток, 6 декември 2018 |

Жена и маж каменувани до смрт поради прељуба

Жена и маж се погубени со каменување поради прељуба во два одвоени случаи во Сирија во области кои се под контрола на џихадистите, соопшти во вторникот Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR).

kkamenuvanaaaa

Мажот бил погубен во покраината Идлиб, во областа којашто ја контролираат исламистички групации кои се под најголемата Џабхат (Фронтот) ан-Нусра, којашто се смета за сириски огранок на глобалната терористички мрежа Ал Каеда.

Ова е прв документиран случај за погубување со каменување на маж поради прељуба уште од 2011 година, откако Сирија ја зафати граѓанска војна во којашто сунитски бунтовници се борат да го соборат алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад. Набрзо по март 2011 година, како што предупредуваше Асад, во граѓанската војна се вклучија и радикалните исламисти кои го искористија судирот да заземат под своја контрола значителни територии.

Жената, пак, била погубена, исто така, со традиционалната казна во арапскиот свет со каменување, во покраината Хама, во област којашто е под контрола на Исламската држава.

Се чини дека овие две егзекуции, за кои нема потврда од независни извори, не се меѓусебно поврзани, пишува Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top