Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Мишел Платини изјави дека нема да ја поддржи кандидатурата на претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер, кој сака петти мандат на таа функција.
– Му посакувам добро, но пред четири години ја бараше нашата поддршка велејќи дека тоа ќе биде неговата последна кандидатура. Сега повторно ја бара нашата поддршка, но јас му реков дека не го сакама тоа повеќе, потребен ни е свеж воздух – изјави Платини.
Искусниот Блатер има 78 години и веќе најави дека повторно ќе се кандидира за прв човек на ФИФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


