| четврток, 6 декември 2018 |

„Промовирање на социјалниот дијалог“ – проект финансиран од ЕУ

Поддршка на социјалниот дијалог меѓу Владата, работодавачите и синдикалните организации е целта на проектот насловен „Промовирање на социјалниот дијалог“ што денеска во Скопје ќе го промовира Делегацијата на ЕУ во Македонија.

aivo orav 5 (Custom)

На промоцијата на проектната активност, меѓу другите ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот Аиво Орав, постојаниот координатор на ОН Луиса Винтон и Антонио Грациоси директор на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа (ILO).

Проектот вреден околу 1,4 милиони евра, е финансиран од ЕУ преку ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, a ќе се имплементира во период од 24 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top