Израелската компанија Syqe Medical создала инхалатор за производи направени врз база на марихуана, кој е споредлив со традиционалните инхалатори за астматичари. Предвидено е новиот инхалатор да се појави на пазарот во 2015 година. Инхалатор ќе може да се поврзе со смартфон или таблет преку Wi -Fi технологија. Така лекари и корисници ќе можат да ја следат потрошувачката во реално време и да ја одредат најдобрата доза во согласност со потребите. Инхалаторот делува по 20 минути и е три пати поефикасен за намалување на болката во споредба со пушењето на канабис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



