
Американскиот режисер Џорџ Лукас смета дека водечките луѓе во филмските студија немаат талент и фантазија за тоа работно место кое го извршуваат и тој не ги штеди критиките на нивна сметка.
Лукас е присутен во Холивуд повеќе од четири децении и одлично ја познава кинематографската индустрија и нејзините проблеми.
Во интервју за телевизискиот канал „Си-би-ес“, креаторот на некои од најголемите филмови во историјата „Војна на ѕвездите“ и „Индијана Џонс“ уште еднаш изрази презир кон големите филмски студија. Тоа донекаде е и парадокс, бидејќи и самиот беше на чело на едно од нив „Лукасфилм“, кој сега е под закрила на „Дизни“.
Неговата одбиност кон Холивуд трае од 70-те години на минатиот век, кога како млад режисер на студиото „Ворнер Брос“ го понуди својот прв филм, научнофантастичната драма која подоцна стекна култен статус. На студиото филмот не му се допаднал, па филмот морал да се преработи. Лукас тоа никогаш не го заборивил.
– Студијата отсекогаш биле проблем. Во почетокот, луѓето кои ги водеа, беа креативци. Читаа книги и ги адаптираа за филм – вели режисерот на „Американски графит, уште еден од неговите култни филмови.
Лукас своето студио и филмовите во 2012 година го продаде на „Дизни“ за 4,05 милијарди долари. Но, смета дека големи виновници за оваа состојба се големите корпорации, кои „не знаат ништо за правење филмови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


