| четврток, 6 декември 2018 |

Почна вакцинацијата против сезонски грип

vakcina

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип во Македонија. Во Центарот за јавно здравје има на располагање 5.500 дози. Една вакцина чини 400 денари. До пладне, за четири часа се вакцинирале повеќе од 140 граѓани.

-Штити од 3 типа вирус, 2 типа А и еден тип Б вирус. Според препораките од СЗО овие вируси се очекува да циркулираат на северната хемисфереа, вели д-р Лиле Лазаревска, епидемиолог и раководител во ЦЈЗ Скопје.

Епидемиолозите вакцината ја препорачуваат на лица постари од 65 години, хронично болни, деца со намален имунитет, здравствени работници и за негователките од градинките.

До крајот на неделата вакцинацијата ќе почне и во останатите градови. Македонија и оваа година набави 30.000 вакцини против грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top