| четврток, 6 декември 2018 |

Белград може да потоне

526889_mapa_ff

Зградата на улицата „22 Октомври во Земун, која нагло почна да тоне, не е единствениот случај во градот. Потенцијално е загрозен цел Белград, освен Ташмајдан и околината чии згради се изградени на лесна и песочна површина. Иако зградите може да бидат стабилни, опасноста доаѓа од водата, односно од старите канализациски и водоводни цевки кои може да протечат и да ја „минираат“ зградата.

Зградата може да пропадне во земја за помалку од една недела. Лесот е една од најчуствителните видови на почва кога се однесува на пенетрација на водата. Не е потребно водата да тече, туку доволно е само да капе. Поради својата порозна структура, земјиштето тоне, а со него и објектите – објаснила професорката од Градежниот факултет, Мирјана Вукичевиќ.

Еден од највпечатливите примери кој ја потврдува ваквата теза е зградата на ПМФ во Белград, која буквално пропадна во земја. Лани истата беше трајно санирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top