Фудбалерите на Работнички се пласираа во четвртфиналето на националниот Куп со победа од 3-1 против Пелистер во денешниот реванш меч, откако првиот дуел во Битола заврши без голови.
Романтичарите поведоа со 3-0 и по две третини од мечот на „Филип втори“ арената го одлучија седмиот патник во четвртфиналето. Претходно пласман меѓу осумтте конкуренти за трофејот изборија Тетекс, Еуромилк, Ренова, Дрита, Турново и Кожув.
Утре во Скопје Вардар и Шкендија ќе одлучуваат за осмиот патник, а екипата од Тетово со предност од 2-1 ќе го почне реваншот. Тој дуел ќе се игра од 15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



