На 28 ноември поглаварот на Римокатоличката црква во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Ахмет Давутоглу. Папата Франциск ќе биде во посета на Турција од 28 до 30 ноември, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на соопштение на Ватикан. На 28 ноември папата Франциск ќе се сретне во Анкара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Ахмет Давутоглу.
Се планира папата да го посети музејот на основачот на модерната турска република Мустафа Кемал Ататурк. На 29 ноември папата ќе замине за Истанбул, каде што се очекува да ги посети храмот „Света Софија“ и Сината џамија и да се сретне со Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први. На 30 ноември папата ќе се приклучи кон прославата на празникот на свети Андреј, на покана на Вартоломеј Први.
Посетата на Турција на папата Франциск ќе биде неговото шесто по ред патување во странство по неговиот избор за папа во март 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



