| четврток, 6 декември 2018 |

ИД од продажба на нафта заработува 800 милиони долари годишно

Исламската држава од нафта заработува 800 милиони долари годишно или два милиона долари на ден, се наведува во студијата објавена на американскиот експертски веб-сајт ИХС.

isis-iraq

Терористичката група генерира значителни приходи иако користи само дел од нафтените капацитети во териториите кои ги има заземено. ИД ја продава нафтата со многу пониска цена на црниот пазар.

ИХС оценува дека ИД контролира производствен капацитет од 350.000 барели на ден, но произведува од 50.000 до 60.000 барели. Барел нафта просечно продава по 40 долари, додека на светските берзи барел нафта „брент“ во моментот чини 85 долари.

– ИД нафтата ја транспортира со камиони по илегални патишта преку турската граница – посочува ИХС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top